Расте трговската размена меѓу Македонија и Русија

Трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација до крајот на август оваа година пораснала за 23,9 отсто. Република Македонија и Руската Федерација од јануари до август оваа година оствариле трговска размена во износ од 144,8 милиони американски долари.

Минатата година, за истиот период (јануари-август) размената меѓу двете земји изнесувала 116,9 милиони американски долари. Притоа, во осумте месеци од годинава увозот на стоки од Руската Федерација процентуално расте за повеќе од двојно во однос на македонскиот извоз во оваа земја. Македонија бележи трговски дефицит во размената во висина од 78,1 милиони САД долари.

Извозот на македонските компании на големиот руски пазар во овој период изнесува 33,3 милиони американски долари (лани во истиот период 12,9 милиони американски долари), што е пораст од 12,9%. Од друга страна, купувањата од рускиот пазар ја достигнале сумата од 111,4 милиони долари (лани 87,3 милиони американски долари), што означува раст од 27,6%, се вели во соопштението на Руска-македонска стопанска комора.

Advertisement