Реакција на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо по повод информацијата за телефонскиот разговор меѓу Рама и Борисов

Македонско друштво “Илинден”- Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо ја известува јавност за се поагресивниот настап на бугарската политика во однос на „побугарување“ на македонското национално малцинство во Албанија. Имено, според министерот за надворешни работи и европски прашања Дитмир Бушати ги информирал пратениците за нацрт-законот закон што треба да ги регулираа правата на малцинствата. Со новиот нацрт-закон се признава постоење на осум национални малцинства: Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци. Фактот што во овој закон е дадена реалната слика за малцинствата во Албанија.

Но, тоа воопшто не конвенира на бугарската политика, па во телефонски разговор со Еди Рама, Бојко Борисов рекол дека очекува законот да содржи клаузули кои ќе ги штитат правата на бугарското малцинство во Албанија. Македонско друштво “Илинден”- Тиранa и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо смета дека албанската Влада не треба да прави фалсификати со донесување на законски решенија кои се во спротивност со реалната малцинска структура во Албанија. Во спротивно, би станала паричка за поткусурување во рацете на Бугарија – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана  Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Advertisement