Регистриран прв случај на коронавирус во Македонија

Во Скопје е потврден првиот случај на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се работи за жена родена 1970 година која била во Италија еден месец. Таму како што рече била болна две недели и иницијално била третирана во италијанска болница каде не и бил направен тест за коронавирус. Од кога стигнала во Скопје веднаш се пријавила на клиниката во Скопје. Сега, рече Филипче, е сместена во одделот за изолација на Инфективната клиника.

„Нема простор за паника, пацентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно за нејзината состојба, епидемиолошките анализи, прашањата коишто и беа упатени укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и во посета на свои роднини“, изјави вечерва Филипче на прес-конференција заедно со премиерот Оливер Спасовски и Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Advertisement