Германските царински службеници заплениле повеќе од 16 тони кокаин на пристаништето во Хамбург. Дрогата била сокриена во контејнери што допатувале од Парагвај. Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа. Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра – се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари. Во соопштението се додава дека во врска со шверцот на кокаинот, во Холандија е уапсен 28-годишен маж.
Advertisement