Репортажа на Њуз 24 за Островот Мал Град, скапоцен камен во Преспанското Езеро (ВИДЕО)

Превземена репортажа на Њуз 24 за Островот Мал Град Скапоцен камен во Преспанско Езеро. Островот “Мал Град“, со површина од 16 хектари. “Островот има историска и геолошка содржина. Она што ги привлекува посетителите е свежиот воздух и спокојството.“ Мал Град е остров во албанскиот дел на Преспанското Езеро додаде Митревски и продолжи: “На овој остров има антички цркви, Црквата “Света Марија“, која претставува еден од вредните споменици на културното наследство. Црквата е изградена во пештера, во 1345 година – додава Ефтим Митревски.

Порано тука живееле и монаси. Фреските раскажуваат за молитвите што се кажани во црквата.“ Арбен Цале, исто така, познавач на регионот Мала Преспа, вели: “Црквата Свети Никола датира од 10 век, како заштитник на рибарите“. За време на комунистичката ера, црквата била срушена. Тогаш жителите на езерското село самите ја санирале… На островот Мал Град изградени се повеќе еремитски цркви. Само во албанскиот дел на Преспанското езеро има 3 еремитски цркви, Манастирот “Света Марија е друга туристичка дестинација.“