Репортажа за Македонско село Лин – Подградец  

Село Лин, јужно од планинскиот превој и граничен премин Ќафасан. Оддалечено е 22 км од градот Поградец, и блиску до селото Радожда. Според статистиката на Васил Кнчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година село Лин имало 600 жители, од кои 300 Македонци христијани. Лин е единственото село во албанија каде што се зборува Вевчанско – Радошкиот дијалект на Македонскиот јазик уште три села го боруват Вевчани, Радожда и Мали Влај.

Село Лин 1929 година

Во Село Лин се ноаѓа и Ранохристијанската базилика од ископувањата и нумизматичките записи ги поддржуваат датирањата на базиликата и на подот со мозаик од V – VI век и претставува една од најзначајните знаменитости. Структурата е украсена со разнобојни мозаици со цветни, геометриски мотиви и евхаристични сцени, карактеристични за ранохристијанскиот период. Полихромните мозаици и богатиот археолошки материјал, ја прават црквата да биде наречена една од најубавите. Ранохристијанската базилика е во листата на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион.

Ранохристијанската базилика село Лин со мозаик од V – VI век

Хараламби Марклулев е Македонски револуционер на Внатрешната македонска револуционерна организација, роден е во македонско семество во село Лин. Во 1923 заедно со Александар Протогеров, Петар Шанданов, Васил Пундев, Иван Стојанов, Алексо Стефанов, Крум Петишев, Тасе Христов, Алија Абраимов, Лазар Ашлаков, Никола Гушлев поминуват по макеоднските села во Албанија.

Црква Св. Илија село Лин

Носија село Лин

Advertisement