Резолуцијата е јасно дефиниран став за идентитетските обележја, што ќе биде обврска за оваа влада и секоја идна

Резолуцијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а која ја прифати Собранието на Република Македонија јасно ги дефинира македонските национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет и ќе биде обврска за оваа и за секоја идна влада. Оваа Резолуција е механизам со кој се обврзуваат сите, и Владата, и Претседателот и останатите институции да го почитуваат овој обврзувачки акт донесен од највисокиот законодавен и демократски дом во Македонија. Резолуцијата дава јасни позиции изградени врз консензус, но и научна аргументација за тоа што смее, а што не смее да се разговара.