Рибари уловиле воена мина тешка над половина тон во Валона

Рибарите во близина на островот Сазан кај Валона „уловиле“ воена мина останата од Втората светска војна, тешка околу 600 килограми, мината од водите на Јонското Море се нашла во мрежите на рибарите, а тие изјавиле дека истата била на длабочина од околу 160 метри. Риболовците ја информирале полицијата, која потоа мината ја траспортирала кај воената база во близина на Зврнец. Според информациите, специјализирани сили на армијаата ќе извршат понатамошни испитувања врз застарената експлозивна направа. Инаку, островот Сазан, во чија близина била пронајдена бомбата, во минатото на комунистичка Албанија се користел како една од главните воени бази во земјата.

Advertisement