Роден во Турско, живеел во Албанско, му се заканува Бугарско

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов дава пример на жртва на неправдите кон Македонците и како да исправат тие. Тој преку примерот на неговиот прадедо Стиљан кој живеел во различни системи и окупации укажува дека никој не треба да запре да се бори за Македонија и да биде Македонец.

“Мојот прадедо Стилјан беше роден во Пустец, Мала Преспа, Македонец, под турска окупација. Потоа беше под грчка окупација, па под албанска. Но, тој остана Македонец. Сега Бугарија сака со сила да ги направи Бугари. Ќе се бориме”, пишува Николов кој е еден од најактивните претставници на македонската дијаспора во битката за името Република Македонија. #НашетоИмеЕМакедонија.