Русија: Путин со убедлива победа на изборите за претседател

 

Владимир Путин обезбеди убедлива победа на руските претседателски избори, според делумните резултати што ги објави изборната комисија. Според излезната анкета на руската држава, тој добил 73,9 отсто од гласовите, лесно победувајќи го својот најблизок конкурент. Со изброени 22 отсто од гласовите, претежно во источниот дел на земјата, Владимир Путин води со 72 отсто, многу повеќе од простото мнозинство потребно за да се избегне вториот круг, јави Раша тудеј.

Резултатот – кој беше масовно очекуван – е значително подобрување од неговата победа во 2012 година. Но некои набљудувачи на изборите предупредија за голем број случаи на полнење гласачки кутии и други неправилности. Втор е кандидатот на Комунистичката партија Павел Грудинин, кој се кандидира првпат, со 15 отсто од гласовите, додека националистичкиот политички ветеран Владимир Жириновски, кој првиот пат се бореше против Борис Јелцин во 1991 година, е на третото место со околу 7 отсто.