Русите сакаат Путин повторно да биде избран за претседател

 

Повеќе од 60% Руси сакаат претседател на Русија по изборите во 2018 година да остане Владимир Путин, велат резултатите од анкетата на „Левада-Центар“. Според податоците од истражувањето, 64% од анкетираните Руси се залагаат Путин „повторно да биде избран“ за шеф на руската држава. Нов човек на функцијата претседател сакаат да видат 22% од испитаниците.

Истовремено, 19% од учесниците во анкетата не можеа да одговорат на прашањето за кого би гласале. Според податоците на „Левада-Центарот“, 10% од испитаниците не биле решени дали ќе излезат на избирачките места во март 2018 година, а 13% решиле да не гласаат.

Изборите за претседател на Русија ќе се одржат во март 2018 година. За својата намера да се кандидираат за функцијата шеф на руската држава изјавија, конкретно, Владимир Жириновски, основачот на партијата „Јаболко“ Григориј Јавлински и Алексеј Навални. Рускиот лидер Владимир Путин вети дека ќе соопшти дали ќе учествува во изборите кога „ќе созрее времето“, пишува лента.ру