Русите влегоа во американска воена база во Сирија (ВИДЕО)

 

Руските новинари објавуваат видео-снимки од базата на САД во близина на сирискиот град Манбиџ, која американските војници ја напуштија во брзање додека се повлекуваа од Сирија. Руските трупи во придружба на сириските владини сили го искористија настанатиот „вакуум на моќта“, објавува „Њузвик“. Во описот на снимките објавени од руските медиуми, честопати е наведен слоганот „Манбиџ е наш!“.