Руската амбасада во Тирана демантира дека имало закани од есктремисти

Руската амбасада во Тирана ја деманираше информацијата емитувана на дел од албанските медиуми, во која тие тврдат дека амбасадорот Александар Капрушин имал закани по живот од радикални екстремистички групи од Македонија и од Косово. Во соопштението, амбасадата искажува изненадување од пласирањето вакви неточни информации.

­ Руската амбасада искажува големо изненадување и зачуденост во врска со веста објавена на телевизијата Визион Плус, а потоа и на други албански медиуми, околу безбедноста на руската дипломатска мисија во Тирана. Во нашите оценки, за една толку сензитивна сфера, како што е заштитата, безбедноста и одбраната на странските дипломатски мисии, што според меѓународното право, е обврска на секоја земја домаќин, не треба да биде објект на јавна дебата, стои во соопштенето за јавноста.