Руската државна телевизија воведе емисија посветена на Путин (ВИДЕО)

 

Руската државна телевизија започна со емитување на нова неделна емисија посветена на претседателот на земјата, Владимир Путин. Станицата „Русија 1“ ја емитуваше првата епизода на емисијата „Москва. Кремљ. Путин“ во која ги презентира активностите на рускиот претседател при решавање на различни кризи и неговите напори да го одржи контактот со обичните луѓе.

Во едночасовната емисија се прикажани и интервјуа со портпаролот на Путин, Дмитриј Песков и новинарот кој ги придружувал активностите на претседателот минатата недела, како и дел од одморот на рускиот лидер во планините. Запрашан за новата емисија, Песков за новинарите изјави дека Кремљ не барал нејзино воведување и додаде дека „Москва. Кремљ. Путин“ е избалансирана програма.

 

Advertisement