Руската војска се повлекува од Сирија (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Русија објави снимка од слетувањето на авионот за радарско откривање и команда А-50У на аеродромот во Иваново. Авионот учествуваше во операцијата на руската војска во Сирија, контролирајќи го небото и уништувајќи објекти на земјата.

Авионот А-50У „Таганрог” со број 41 се врати на 12 декември на матичниот аеродром Иваново-Северни. Екипажот на авионот го пречекаа командантот на Воздушно-транспортната авијација на Русија генерал-полковник Владимир Бенедиктов и членови на семејствата. Командантот им се заблагодари на пилотите на совесното извршување на задачите. „Сигурен сум дека личниот состав на ескадрилата А-50 и групата за борбена команда ќе служат како пример за совесно служење на Татковината и квалитетно исполнување на задачите со голема одговорност“, рече Бенедиктов.

„Таганрог” е четвртиот „летачки радар”, модернизиран како воздушно командно место. Исто така, зголемени се и неговите можности за откривање на нисколетечки и слабо забележливи цели, тежината на апаратурата е намалена, со што е зголемена резервата на гориво. Подобрени се и условите за работа на екипажот: авионот има соби за одмор и кујна. А-50У го контролира воздушниот простор во радиус од 800 километри и може истовремено да следи до 300 цели во воздух и на земја, наведувајќи врз нив ловци и копнени средства за ПВО или фронтовска авијација./mk.rbth.com

 

Advertisement