Руските сили се подготвуваат за патролирање во Сирија

Руски сили влегле во сирискиот град Кобани за да започнат со патролирање според новиот договор постигнат со Турција. Од руското Министерство за одбрана, се наведува дека членови на руската воена полиција се состанале со локалната администрација за да се договорат за соработката во остварување на мисијата.

Вчера лидерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, се согласија курдските борци да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а за тоа имаат рок од 150 часа. А потоа Русија и Турција ќе започнат со заеднички патроли по должината на „безбедната зона“.

Advertisement