САД му забранија влез на градоначалникот на Драч поради сомнение за корупција

Стејт департментот му забрани влез во САД на градоначалникот на Драч, Ванѓуш Драко, поради вмешаност во корупција од големи размери. Во забраната се вклучени и сопругата на Драко, Алба, неговиот син Џулио и неговата ќерка Кејси.

„Денешната одлука испраќа силна порака дека САД се целосно посветени на борбата против корупцијата насекаде низ светот“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Албанската опозиција во повеќе наврати досега го обвинуваше премиерот Еди Рама и други функционери, како Драко, на пример, за соработка со криминални структури за кражба на гласови и местење на изборите во Албанија