Сара Џелили, Македонка од Голо Брдо учесник на конкурс за средношколски есеи распишан од Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе

Поетска манифестација средношколски есеи распишан од Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Сара Џелили учестуваше со есеј на тема „Животот во година број 3000“. Објавени во публикацијата ,,Средношколски размислувања”.

Сара Џелили секогаш освојува високи награди за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.

Сара Џелили потекнува од с. Требиште, областа Голо Брдо, а живее во Елбасан, Албанија. Таа е ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и е еден од степендистите на Владата на Македонија. Сара Џелили е член на Mакедонско друштво „Илинден“- Огранок Голо Брдо и дописник на Македонски весник „Илинден”. Во 2019 година тата е добитник на Благодарница “Илинден” за особен придонес за Македонското национално малциство во Албанија и придонес за Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана.