Се одржа 11 традиционален Македонски пролетен фестивал во Маниса – Турција

Во организација на Македонското друштво во Маниса, во централната градска општина Јунус Емре во градот Маниса, се одржа 11 традиционален Македонски пролетен фестивал. Фестивалот ги афирмира македонскиот фолклор и култура на Македонците доселеници по потекло од Македонија. Покровител и гостин на Фестивалот е градоначалникот на општината Јунус Емре Мехмет Черчи кој ги поздрави присутните и заигра македонско оро со учесниците во културно-уметничката програма. Централната градска општина Јунус Емре во градот Маниса е збратимена со скопската општина Гази Баба.

Advertisement