На 20.05.2022 во село Големо Острени областа Голо Брдо се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2023 година”. Настанот беше поддржан од страна на Општина Булќиза во тесна соработка со Здружението за борење Голо Брдо. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера со традиционални Македонски песни и ора од областа Голо Брдо, првак на купот е Елтон Зепај од село Требиште, областа Голо Брдо се доделиа и почесен сертификати за ветераните борачи, имаше различни категории борачите беа од областа Голо Брдо. На собирот учестува Македонци од областа Голо Брдо.
Добитниците според категории:
Добитник на трофејот „Овен“- Елтон Зепај, од село Требиште иселеник во Англија
Второ место Вилсон Марку од село Требиште
Трето место Ардит Канџа од село Требиште
Младинци
1. Ерген Рама од село Радовеш
2. Ади Дехари од село Мало Острени – Малестрени
3. Леондас Хиса од село Мало Острени – Малестрени
Деца
1. Арлинд Тола од Мало Камен, село Мало Острени – Малестрени
2. Леон Халилај од село Ладомерица
3. Серџо Весели од Пешкопеја


Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
