Се освети Крстот на параклисот ” Св Никола” над Леска областа Мала Преспа (ФОТО)

Православната вера со векови се негува сред Македонците од Областа Мала Преспа. Дниве добивме вест за осветување на Крстот кај параклисот „Св. Никола“ над селото Леска, При овој чин беше присутен и отец Алексо Темелко кој изјави: “Почитувани верници на Мала Преспа Општина Пустец. Со Божја помош и помош на сите верници на Мала Преспа и пошироко. Се освети Крстот на параклисот ” Св Никола” над Леска пред влезот во Преспа. Овој е првиот Свет Крст изграден во Мала Преспа.

За Слава и чест на Господа, Мала Преспа ја украсуваат и осветуваат три големи крстови. Првиот е овој на влез од Преспа . Вториот свет Крст е во Туминец, а третиот свет Крст е на Шулинска Ледина. Овие три големи светли Крстови нека ја осветлат ова наша убава Преспа и да ги заштитат од секакво зло сите жители што живеаат во неа и надвор од неа. Господ сите да не Благослови“. Со ваквиот чин, продолжува да се јакне православието и вербата во Господовата моќ сред македонските верници во Албанија.