Се поставува улично осветлување во село Долна Горица, општина Пустец

Општина Пустец, Мала Преспа, продолжува со реализација на активности насочени кон подобрување на условите за живот на жителите на општината.

Во тие рамки во селото Долна Горица, според предвидената динамика, во тек е поставување на ЛЕД светилки со соларни панели. Станува збор за инвестиција на Општина Пустец поддржана од албанскиот фонд за развој, информираа од општината.

Најавуваат дека ќе продолжи работата и во другите села за подобрување на уличното осветлување, а се предвидени и другит неопходни инфраструктурни зафати. Општина Пустец ја сочинуваат девет населени места,  распослани по брегот на Преспанско Езеро.

Располага  со многу природни богатства и убавини, како и културно-историски споменици, кои привлекуваат се поголем број туристи.