Се уредува дворот и се гради пат до црквата во село Долна Горица (ФОТО)

Се изразува надеж за поддршка и разбирање од сите по потекло од Долна Горица, но и “сите верници и сонародници од нашата Преспа”.

По заложбите на Црковниот одбор, конечно почна уредувањето на дворот на црквата „Свети Георгиј” во село  Долна Горица, Општина Пустец.

По неколку годишни напори конечно започна да се уредува дворот на црквата „Св. Георгиј” во Долна Горица. Ова уредување се овозможи со поддршка и помош на градоначалникот на Општина Пустец. Исто така започна и уредување на патот до црквата-информираше Црковниот одбор.

Упатува апел до сите верници по потекло од ова село кои живеат надвор од родното село и по светот да помогнат.

Сите да се ангажираме да помогнеме финансиски, за да се среди Црквата и да го добие достоинствениот лик на божји храм. Многу значајно за сите нас е секако да ја оствариме  желбата на сите,  да изградиме 9 -метарски крст во дворот на црквата-наведуваат од одборот.

Се изразува надеж за  поддршка и разбирање од сите по потекло од Долна Горица, но и “сите верници и сонародници од нашата Мала Преспа”.

Долна Горица е едно од деветте села на Општина Пустец, распослани на брегот на Преспанско Езеро.