Седмото издание на Самитот Македонија 2025

Над 60 говорници од 20 држави од 07-10.11.2018 година  во Скопје, Република Македонија ќе дискутираат на теми за глобалната економија и регионот во рамки на седмото издание на Самитот Македонија 2025, што почнува официјално денеска со поздрави обраќања на Ентони Б. Ким од фондацијата „Херитиџ“ – САД и на претставници од „Економист“, „Мекинзи“, Европската инвестициска банка…

На 350 реномирани гости од целиот регион, ќе имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во бројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во здравството, изградба на технолошко-иновативни центри, вештачка интелегенција и многу други.

„Целта на Самитот е да се стимулира соработка, размена на знаења и лидерски развој. Годинава го потврдивме учеството на повеќе од 60 врвни говорници од преку 20 земји, кои во рамки на над 15 интерактивни сесии, ќе дискутираат на теми релевантни за глобалната економија, но и за регионот. Ќе укажеме на најголемите економски предизвици на светско ниво, како што се трговските војни, масовните миграции, недостатокот на квалификувана работна сила и нивното влијание врз „малите“ економии“, најавуваат организаторите.

На официјалното отворање на Самитот вчера му претходеа панел-дискусии посветени на образование, лидерство и успешни македонски стартапи во светот. Како дел од неформалните активности се одржа и средношколскиот натпревар „Најдобар бизнис концепт“, каде првото место го освои тимот составен од: Ивана Стојановска, Вероника Станоевска, Ана Ставревска, Елени Темова за идејата DBN – Digital Balance Nutrition. Додека пак, по претставувањето на идеите во Белград и Сараево, беа прогласени и победниците на финалниот регионален бизнис натпревар поддржан од Фондот на Западен Балкан, каде првото место го делат Олга Рајчиќ од Македонија и Валентина Чолиќ од Србија.

Advertisement