Секторот туризам во Албанија во голем пораст

Бројот на странските туристи во Албанија е во постојан раст, што условува квалитетен развој на секторот туризам, хотелиерство и зголемување на бројот на вработените. Државниот Институт за статистика, ИНСТАТ соопшти дека во секторот услуги (хотелиерство,туризам) во третото тримесечие годинава бележи раст за 37 отсто, споредено со истиот перод лани и претставува сектор каде е забележен најголем раст во економијата во овој период.

Ваквите позитивни резултати придонеле и за зголемен број вработени. Според ИНСТАТ, бројот на вработени пораснал за 21,3 отсто  во однос на третиот квартал од 2017 година, додека индексот на плати се зголемил за 20,9 отсто. Зголемениот број туристи влијае и на растот на инвестициите и продолжување на тристичката сезона од мај до октомври. Инаку, официјалната статистика потврдува дека годинава во Албанија влегле околу 5,4 милиони странски туристи, што е за 17,3 отсто повеќе од лани.