Село Врбник, Костурско егејска Македонија денес во Албанија

 

Врбник, Костурско, денес Албанија, општина Девол, област Корча. Село Врбник се наоѓа во планински предел на најисточната точка на Албанија, непосредно до границата со Грција. Селото се наоѓа во мала котлина на надморска височина од околу 1000 метри. Селото е близу Билишта, на околу 40 километри северозападно од Костур. Традиционални административни центри на село Врбник се градовите Костур и Корча. Во 15 век во Врбник се забележани 36 глави на домаќинства. Во почетокот на 20 век Врбник е дел од Биглишката нахија на Корчанска каза, но во духовен однос е дел од Костурската епархија. Во крајот на 19 и почетокот на 20 век жителите на Врбник се вклучуваат во национално-ослободителните борби за Македонија, учествуваат во четите на ВМОРО. На 28 март 1903 година селската чета на Врбник стигнува на помош на опколените чети на Борис Сарафов и Иван Попов во село Смрдеш, па заедно со четата на село В’мбел удираат во грбот на турската војска. Во 1903 година жителите на Врбник масовно учествуваат во Илинденското востание. На 29 јули 1903 година башибузук и војска од Билишта го ограбуваат и опожаруваат селото со 60 куќи. На 15 август 1903 година селото пак е нападнато и ограбено од турски војски, а многу жени се силувани. Изгорена е и селската црква „Свети Георги“, а убиени се Митре Грозданов, Доно Динев и Илија Димев.

Македонска носија од село Врбник

Во втората половина на 20-те години на 20 век Врбник е основна база за четите на ВМРО, кои дејствувале во Вардарска и Беломорска Македонија. Во 1912 година за време на Балканската војна во селото влегуваат Грците и го окупираат, но меѓународната комисија го става во границите на Албанија. Во 1928 година жителите на Врбник се подложени на асимилација од страна на албанските власти. Биле бришени натписите во црквата, луѓето биле казнувани, книги биле уништувани. По Балканските војни некои жители на селото се исселуваат, но се населуваат бегалци од Костурско. Многу луѓе од селото и нивни потомци денес живеат во Македонија, Албанија, Грција, САД, и др. Автентичниот говор на жителите на Врбник е сврзан со останатите костурски говори.

Цркви:

Црквата „Свети Георги“, два мали параклиса надвор од селото – „Свети Нестор“ (на север) и „Свети Петар“ (на исток)

Историски личности Родени во Врбник;

Васил Шинанов, револуционер војвода на ВМОРО за време на Илинденското востание, војвода на чета во Корештата.
Георги Попвасилев, член на четврта чета на Шеста охридска дружина.
Георги Филипов, член чета на Девета велешка дружина, носител на бронзен медал.
Лазар Василев, член шеста охридска дружина.
Лазар Палчев, деец на ВМОРО, загинал во борба со турски аскер во Дреновени.
Ламбри Кјасовски, член на прва чета на Десетта прилепска дружина.
Ламбро Филов, член на ттора чета на Единаесетта серска дружина.
Нако Грозданов, револуционер  живеел во Торонто, Канада.
Наум Богданов, член трета чета на Дванаесетта лозенградска дружина, здружена партизанска чета на МОО, во грчки раце од 6 јули 1913 до 10 март 1914 година.
Никола Јоров, деец на ВМОРО.
Никола (Кољо) Пандовски, револуционер, деец на ВМРО.
Сотир Пандовски, револуционер, раководител на селскиот комитет на ВМОРО, убиен од турци во родното село.
Ставро Грозданов, револуционер.

Advertisement