Северна Кореја ќе реагира при провокација од САД

 

Северна Кореја ќе реагира при најмала провокација од страна на САД, изјави денеска севернокорејскиот амбасадор во Русија. Ова предупредување беше упатено во момент во кој Вашингтон објави дека го засилува воениот капацитет по истрелување на севернокорејската ракета, пренесоа агенциите и Франс прес.

„Нашата армија веќе изјави дека во случај и на најмала провокација од страна на САД за време на воени вежби, ние сме подготвени да нанесеме најбезмилосен од сите удари“, рече во Москва амбасадорот Ким Хон- Џун. Јужна Кореја и САД ќе имаат на 13, на 21 и на 26 април заеднички воени вежби во близина на линијата на поделба меѓу двете корејски држави. Северна Кореја изврши уште ракетен тест пред состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот лидер Си Џинпин.