Шефот на руските тајни служби предупредува: Странски шпиони го напаѓаат Русија

Странските разузнавачки служби ги засилиле обидите да ја дестабилизираат Русија. Тоа е пораката од вчерашниот состанок на Советот за безбедност на Руската Федерација. “Деструктивните активности на странските специјални служби, чија цел е дестабилизација на Русија и политичката, но и општествената ситуација во земјата, се драстично засилени”, порачал Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација.