Русија ќе продолжи да развива стратешки нуклеарни сили бидејќи тоа е главниот гарант на нејзиниот суверенитет и интегритет, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Шојгу на состанокот на воениот самит рече дека Русија ќе продолжи да ја развива нуклеарната тријада и да ја задржи својата борбена готовност, пренесува „Интерфакс“.
Според официјалните податоци, руската нуклеарна тријада вклучува стратешки ракетни сили, стратешка авијација и подморници што носат нуклеарни проектили.
Ќе ги зголемиме и борбените способности на воздухопловните сили како во делот на операцијата на ловци и бомбардери во областа на функционирање на современите противвоздушни системи така и во однос на подобрување на беспилотните летала“, рече Шојгу.
Тој посочи дека непосредните планови на Русија се проширување на арсеналот на модерно офанзивно оружје.