Шпигел: Таен извештај на НАТО не би можеле да се одбраниме од евентуален напад на Русија

НАТО не би бил во состојба да одговори на евентуалниот напад на Русија, се наведува во тајниот извештај на Алијансата во кој германското списание Шпигел имал увид. Во документот насловен како „Извештај за напредокот по прашањето за зајакнување на капацитетот на одвраќање и одбрана на Алијансата“, се наведуваат значајни недостатоци во структурата на НАТО.

Командната структура на НАТО, што „атрофираше“ од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, е еден од клучните фактори што ги поткопува одбранбените капацитети на Алијансата, се вели во соопштението. Дури и проширувањето на НАТО силите за брза реакција, се вели во извештајот, не успеаа да обезбедат брзо дејствување и ако биде потребно – одржливо.

Портпаролката на НАТО Оана Лунеску одби да ги коментира наводите на Шпигел, но рече дека силите на Алијансата сега се поподготвени и поспособни од било кога во текот на последните децении.