Што ако вашето име и етничка припадност биде насилно сменети тоа им се случува на Македонците

До сите не-Македонци. Замислете се себеси на нашето место. Што ако вашето име и етничка припадност бидат присилно сменети? Нашето македонско име, идентитет и историја се бришат од страна на Западот за да се реализираат нивните надворешно-политички апетити и апетитите на нашите непријатели. СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ. Докажете ни дека верувате во тоа и барајте да се врати македонското име.

ШТО АКО ВАШЕТО ИМЕ И ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ БИДАТ НАСИЛНО СМЕНЕТИ – Тоа им се случува на Македонците

Човечки права за сите

Човечките права важат за сите, и сите имаме одговорност да се кренеме во против неправдите и да промовираме мир и еднаков однос кон сите.

Се случува помалку познатите етнички групи да бидат принудени да објаснуваат зошто некои изрази се расистички и да се соочени со борба за да докажат дека нивниот гнев е оправдан
Што значи ова за Македонците?

Македонското име, идентитет и историја принудно се менуваат како дел од западната надворешна политика да се задоволат потребите на нашите непријатели.

Зошто треба да се ангажирам?

Дали би го користеле изразот „црвенокожци“ за некоја домородна заедница? Дали би рекле дека со употребата на тој израз „се решава дипломатски спор“? Дали би седеле мирно ако Англија и Германија ја
присвојат француската култура и идентитет? Дали би им дале можност на лица кои го негираат Холокаустот да зборуваат?

Треба да се ангажирате затоа што сите треба да се бориме за човековите права, правото на самоопределување и да спречиме геноцид врз една култура

Живееме во свет каде правото на самоопределување се брани за сите – но не и за Македонците. Ни велат дека ние сега сме „Северномакедонци“ од „Северна Македонија“ и дека веќе не смееме да бидеме Македонци. ЗОШТО? Од политичка дволичност и расизам. Грција и Бугарија ставија вето на приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија доколку Македонија не го смени името и не им го предаде своето име, идентитет и историја на Грците. САД, Европската Унија и Канада користеа брутални тактики за со сила да ги натераат Македонците да се откажат од своите права – се со цел да се задоволат нивните расистички и погрешно поставени надворешно-политички цели. Нивните шокантни тактики подразбираа апсења, претепувања, кршење на македонскиот кривичен законик, собраниските правила, поткупи, притвор и закани против семејствата на политичари – а особено на удар беа жените.

Што можете да сторите?

Застанете за правата кои политичарите велат дека ги почитуваат. Однесувајте се кон Македонците како кон било која друга етничка група и бранете го нашето право да постоиме и да бидеме тоа што отсекогаш сме биле: Македонци. Прашајте било кој македонски пријател какво е чувството да ви биде одземено се што сте знаеле дека е ваше. Замислете да сте на наше место.

Еве некои предлози како да постапите:

Кога ќе го видите изразот „Северна Македонија“ или „Северномакедонци“, протестирајте! овие изрази се користат за да се негира се што е македонско – осудете ги! Објавете ги на социјалните мрежи, пишете протестно писмо, зборувајте со локалните медиуми и политичари, барајте акција за одбрана на македонските права!

СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ

Барајте да се поништи принудното преименување на Македонија. Барајте да се почитуваат правата на самоопределување и човековите права на Македонците. Нашето Име Е Македонија. Бранете не. Ние би го сториле истото за вас.