Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер денес ја погоди Западна Турција. Епицентарот бил во водите на Егејско море, на 83 километри од Измир, но потресот се почувствувал и во Истнабул, како и во Бугарија, но и на повеќе грчки острови. Турција е позната по јаките земјотреси. Во 2011 година во земјотрес со јачина од 7,2 степени загинаа околу 600 луѓе, додека пак во 2009 во два масивни земјотреси во северо – западниот дел на земјата загинаа околу 20.000 луѓе.