Силен земјотрес од Албанија ја стресе и Македонија

 

Пред половина час силен земјотрес кој ја стресе Албанија, беше почувствуван и во Македонија. Потресот со 4,7 степени во Албанија, со епицентар во Корча, посилно се почувствувал и во Охрид и Струга попладнево. Во последните неколку месеци неколку силни земјотреси ја погодија Албанија, кои беа почувствувани во Охрид и Струга. Во Албанија од вчера се тресе тлото и има потреси од 2 и 3 степени според Рихтер.

Advertisement