Силен земјотрес со епицентарот во близина на областа Голо Брдо

Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар,во 12.30 часот регистриран е силен земјотрес во Албанија, кој беше почувствуван и во Македонија. Земјотресот со јачина од 4.4 степени е регистриран во Булќиза во близина на областа Голо Брдо, на длабочина од 10 километри. Во 12.16 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 2.8 степени со длабочина од 2 километри.

Advertisement