Силна експлозија во Тирана, четворица повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија се случи попладнево во Тирана, на улицата „Васо Паша“, во областа на „Блокот“. Во експлозијата биле повредени четири лица. Експлозијата била силна, додека бројни полициски и противпожарни сили ја опколиле областа и се очекува да ја евакуираат зградата, бидејќи големиот чад претставува опасност за жителите.

Настанот се случил како резултат на експлозија на боца со гас. Експлозијата била силна, а била оштетена и нај позната златарницата “Еуро Голд” сопственик е Сокол (Соломон) Пира. Од четворицата повредени еден е случаен минувач, и газдите на златарницата.

Сокол (Соломон) Пира е адвокат и член на еврејската заедница, исто така и еден од главните основачи на оваа заедница во Албанија.

Сопствениците на златарницата Алма и Сокол Пира се наоѓаат во болничкиот центар “Мајка Тереза” во Тирана.

Advertisement