Силвана Сотир претседател на новиот советот на општина Пустец

Денеска конституран е новиот Совет на општина Пустец, кој произлезе од изборите спроведени на 30 јуни. За претседател на советот беше избрана Силвана Сотир, дипломиран социолог, од редовите на Социјал демократската партија, која беше дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија. Во општнскиот совет, кој брои 15 членови, 11 советници се од споменатата изборна коалиција, при што од редовите на Социјалистичката партија се шесттмина советници,додека останатите пет се од други партии од коалицијата.

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ во новиот состав има четворица свои претставници. На седницата прсустуваше и новиот градоначалник, Пали Колефски, кој исто така денеска и официјално застана на чело на општината. Тој им посака успешна работа, добра соработка градоначалник-совет, и донесување едногласни одлуки, без оглед на партиската припадност „сето тоа во интерес на жителите на општината“.

И градоначалникот Колефски беше кандидат на „Алијансата за европска Албанија“ како предлог на владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама. Дел од денешните две свечености во општина Пустец беше и екс градоначалникот Едмонд Темелко, кој 12-години беше нејзин прв човек, префектот на околијата Корча, Дори Спиролари и пратеникот од МАЕИ во албанскот парламент Васил Стерјовски, кој беше во минатиот состав на советот. Во општина Пустец има девет населени места, распослани на брегот на Преспанско Езеро, во кои живеат околу пет илјади Македонци.