Георги Христов, основач на весникот „Народна воља“ и еден од основачите на Граѓанското друштво за заштита на основни индивидуални човекови права во Бугарија вели дека и тој бил посетен од полицијата.
„Ова се прави пред друштвото да покаже каква било активност, нема никаков повод за ваква активност на полицијата и на обвинителството, освен да се направи притисок судот да го смени решението од пред два месеци за регистрација на друштвото. Сите добивме и покани да одиме во полицијата и да дадеме изјави за регистрацијата на друштвото. Паралелно во Бугарија во различни медиуми почна вулгарна кампања против македонската нација вклучително и на националната телевизија, што нѐ наведува на мисла дека е во прашање организирана кампања од највисоко ниво“, вели Христов во изјавата за МКД.мк.
Македонците-активисти од Бугарија најавуваат дека за ова ќе испратат реакција и до Стразбур, до Судот за човекови права, а ќе бидат информаирани и членовите на мониторинг мисијата на Советот на Европа.https:/www.mkd.mk/