Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо подготвува уметничкото прикажување на главните личности на Македонија

Дниве сме сведоци на активностите околу еден исклучителен настан од културата, кој за нас, како Македонци во Албанија има особено значење. Станува збор за подготовките за презентација на делата на дипломираниот скулптор Генци Кадриу, чие потекло е од с. Требиште во областа Голо Брдо во Албанија.

Своето високо образование го завршува на Академијата за ликовни уметности во Тирана, во 1990 година, а денес живее и твори во Фиер. Во интервју во врска со процесот на изработка, кој траел речиси две години, како и начинот на избор на мотивите за делата, авторот, покрај другото изјави дека подготвува уметничкото прикажување на главните личности на Македонија.

Изборот, скулпторот го правел врз основа на историски материјал, но и со анализи направени со пребарување на интернет за изборот на портрети кои ги моделира во глина. Академскиот скулптор Кадриу во интервјуто ја искажува неговата посветеност на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградува во како дел од комплементарно уметничко дело. Тоа треба да биде континуитет со останатите релјефи што досега ги реализирал. Воедно, новата поставка треба да биде и рефлексија на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите.

Кадруи за проектот ќе рече дека го подготвува „како желба да реализирам пластична искреност дел-формативец на мојот талент, (моделирање на форми, каде окото гледа, глина, свежина, форма, слика, луѓе, патување во праисторијата, антиката и модерниот стил), поставен на план рамен за да даде модерно визуелно естетско задоволство. И по оваа работа, некои погледи на техничките процеси.

Употреба на силикон, ново искуство и искуство, но неопходни за копирање на деталите на минијатурите и постигнување на вистински резултат, Позитивната во Allci Relief 230 cm широк x 130 cm висина. (објаснување, бидејќи колку што можам да видам во еден пост не се објавуваат повеќе од 80 фотографии, ги реобјавувам според сликите моделираните портрети)“.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува рабтата на академскиот скулптор Генци Кадриу, со искрена желба авторот да ги реализира своите замисли, а публиката во Албанија и светот да ги погледнат неговите скулптури на лица и настани од историјата на Македонија. Воедно му посакуваме многу здравје и успеси на личен и професионален план.

Advertisement