СМК го наградува Џејсон Мико со највисокото светско семакедонско признание, почесната титула Македонски Сенатор

 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење за одлуката на Владата на Република Македонија за разрешување на Џејсон Мико од почесен конзул на Македонија во Тусон во американската сојузна држава Аризона. СМК смета дека одлуката на Владата за разрешување на Џејсон Мико од почесен конзул на Македонија во Тусон, САД, претставува атака врз макаедонските лобисти кои отворено работат за македонските национални и државни интереси во светот.

СМК изразува разочарување од одлуката на Владата на ваков начин да расчистува со потврдени пријатели кои им помагаат на Македонија и на Македонците по прашањата од национален и државен интерес. СМК упатува искрена благодарност до Џејсон Мико за се’ што досега стори за Македонија и Македонскиот народ во Соединетите Американски Држави и во светот. СМК верува дека и покрај одлуката на Владата за разрешување на Џејсон Мико од почесен конзул, тој и натаму ќе работи за Македонија и за Македонскиот народ во Соединетите Американски Држави и во светот.

Џејсон Мико e автор на филмот “Името е име“ со кој на странската публика ѝ ја претстави македонската страна и ставовите на Грција во врска со името Македонија. Џејсон Мико е познат и по своите колумни кои ги пишува за “Дневник“ и по својата борбеност за заштита на македонскиот идентитет и име. Светскиот Македонски Конгрес го наградува на Џејсон Мико со највисокото светско семакедонско признание, почесната титула Македонски Сенатор.

Advertisement