СМК изразува целосна поддршка на кандидатите за пратеници на Единствена Горанска Партија и апелира сите во Гора масовно да гласаат за Единствена Горанска Партија

На 14 февруари 2021 година на Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори. На овие избори со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора Единствена Горанска Партија. На листата на Единствена Горанска Партија за пратеници во Косовскиот парламент има 16 кандидати: Адем Хоџа дипломиран инжинер, Енес Горан спортски тренер, Рахела Ибраими професор по социологија, Фејсал Халиловиќ директор, Един Курт дипломиран економист, Елза Беќири дипломиран економист, Везаип Омеровиќ директор на училиште дипломиран педагог, Мурат Ќуфта студент по медицина, Алмира Хајредини администратор, Неим Сехтијари дипломиран економист, Шејват Љајко директор на училиште професор по технича и технологија, Алмира Гулдерен Бајрами дипломиран правник, Един Есати факултет за физичка култура, Енсар Рифати дипломоиран економист, Зарифа Алија учителка, и Зинуреј Имери директор на училиште.

На кандидатската листа на Единствена Горанска Партија се наоѓаат 16 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница во Косово, чување и промоција на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Република Косово, – изјави претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжинер. Адем Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен. Реториката и активностите во изборната кампања треба да минат во мирна атмосфера и толеранција, за изборните резултати да бидат израз на желбата на народот. Слоганот на Единствена Горанска Партија на предвремените парламентарни избори на Косово е: Гора ора да победи!

Областа Гора има 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати и како Горанци, кои говорат Македонски јазик. Светскиот Македонски Конгрес изразува целосна поддршка на кандидатите за пратеници на Единствена Горанска Партија и апелира до Македонците на Косово масовно да гласаат за кандидатската листа на Единствена Горанска Партија на престојните парламентарни избори во Косово! СМК и натаму преферира реализација на: Еврозона Шара на тромеѓата Македонија-Албанија-Косово, прогласување културна автономија во областа Гора и Призренска Жупа, воведување на Македонскиот јазик како наставен јазик за Македонците на Косово, македонско државјанство за сите Македонци од Косово и отворање на граничниот премин Стрезимир-Рестелица 24 часа!

Advertisement