СМК: Македонците од сите делови на Македонија, во татковината и светот промената на името и уставот се ништовани

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) измената на Уставот и Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани од седницата на Собранието одржана на 11 јануари 2019 година ги прогласува за ништовни, бидејќи се донесени во спротивност со: референдумот за “суверена и самостојна држава Македонија“ одржан на 8 септември 1991 година; референдумот против ЕУ и НАТО и Договорот меѓу Македонија и Грција одржан на 30 септември 2018 година; и домашното и меѓународното право.

Македонците во сите делови на Македонија, во татковината и светот, ги отфрлаат промената на името на државата и измената на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас склучена на 17 јуни 2018 година!

За Македонците во сите делови на Македонија, во татковината и светот, промената на името на државата и идентитетот на нацијата и измената на Уставот претставуваат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува.

Членовите на Владата и Собранието кои гласаа за промена на името на државата и измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, кога и да е, ќе одговараат пред судот на историјата, народот и правдата со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството во државата и светот!

И покрај се’ и после се’, СМК ги отфрла дефетизмот и анархизмот поради велепредавството на Владата и Собранието, потребни се натамошна организација, координација и акција, борбата за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата продолжува! Изгубената битка не е крај на војната за Македонија, македонските работи немаат крај бидејќи Македонија е вечна тема, вечни се интересите за неа! Катарзата низ која минува Македонскиот народ, и покрај врховизмот и колаборационизмот, не претставува братоубиствена војна, туку специјална војна на Калето! Борбата е тешка, но бидете убедени дека ќе победиме!

За Македонците во сите делови на Македонија, во татковината и светот, државта и натаму останува само Македонија, ние не сме ништо друго освен Македонци, нашиот јазик е само Македонски!

Нека Господ Бог ги благослови сите Македонци каде и да се’! Сите Македонци еден за друг!