Почитувани браќа и сестри Македонци, Собранието на Македонија на 10 јануари 2019 година со почеток во 16.00 часот треба да ја започне 75-та седница, која вчера на 9 јануари поради немање двотретинско мнозинство не се одржа.
На дневен ред се “Амандмани 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија” и “Уставен закон за спроведување на уставните амандмани”, заради имплементација на Спогодбата Димитров-Коѕиас. Со овие амандмани, владата и пратениците треба да го променат името на државата Македонија во држава “Северна Македонија” и да се откажат од Македонците во светот, со што вршат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!
Денес Владата треба да ги достави новите амандмани во Собранието, по договорот на Зоран Заев со Села и Касами. Кога и да е, премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за овие амандмани ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот. Не постои дупка на земјината топка каде што ќе се скријат пред судот на историјата, народот и правдата!
Светскиот Македонски Конгрес повикува на масовен мирен Семакедонски протест пред Собранието на 10 јануари 2019 година со почеток во 15 часот, без говори и бина, со транспаренти и знамиња!
Светскиот Македонски Конгрес го поздравува вчерашното присуство на Семакедонскиот протест на пратениците и членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Светскиот Македонски Конгрес упатува повик до ВМРО-ДПМНЕ, членови на оваа партија масовно да присуствуваат пред Собранието! Светскиот Македонски Конгрес се оградува од злоупотреба на говорницата за провокации кон учесници на протестот!
На Семакедонскиот протест треба сите да демонстрираат доблест на толеранција и покрај сите разлики меѓу нас Македонците по род и државјанство! Мааните не треба да ги бараме меѓу нас пред Собранието, туку во предлогот на Владата за промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Ги повикуваме Претседателот на Републиката да се приклучи на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!
Ги повикуваме полицајците, војниците, пожарникарите, резервистите, да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!
Подобро криминалец во затвор, отколку цел живот велепредавник на нацијата и државата!
Собранието не смее да ги усвои амандманите за велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина.
Секој полицаец и војник има право и должност секаде и во секое време да ги уапси премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!
Не прашувај што стори татковината за тебе, туку што правиш ти за Македонија!
Го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!
Пратениците имаат историска одговорност да ги спасат честа и достоинството на Македонскиот народ и државата Македонија пред кои положиле заклетва дека ќе ги бранат и одбранат суверенитетот и интегритетот!
Потребно ни е помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Договорот Заев-Борисов, Спогодбата Димитров-Коѕиас и Тиранската платформа се асиметрични и антимакедонски, спротивни на домашното и меѓународното право, и поради тоа се ништовни!
Бараме: оставка на Владата, распуштање на Собранието, нови парламентарни избори, повлекување на уставните амандмани за промена на името, поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со предлог-резолуција од Претседателот на Републиката до Генералното Собрание!
На 10 јануари 2019 година во 15 часот, сите од сите страни, пред Собранието на Македонија!
Татковината Ве повикува! Сите Македонци, по род и државјанство, еден за друг!