
Обилните врнежи од снег ја блокираа областа Голо Брдо, на дел од албанско – македонската граница кај Дебар, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје, кое го сочинуваат 22 села, дебелината на снежната покривка изнесува половина до околу еден метар.
Целосно сме отсечени од светот, патиштата се блокирани,очекуваме наредните денови надлежните да испратат механизација за расчистување. За среќа барем до сега снабдувањето со електрична енергија е нормално. Но, како и да е и така поради мерките на албанската Влада кои се со цел да се спречи проширување на коронавирусот седиме дома, ни рекоа во телефонски разговор жители од областа.
Според нив благодарение на залагањата на првите луѓе на трите административни единици, по појавата на коронавирусот и мерките и препораки, до сега нема никаков проблем во однос на снабденоста со прехрамбени и други прозводи и лекови. Инаку, поради коронаврусот затворени се и двата гранични премини кај Дебар, оној кај „Блато“ и преминот Џепиште-Требиште, кој поради близината најчесто го користеа жителите од Голо Брдо.
https://www.facebook.com/bashkiabulqize/videos/1437122749799181/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden