Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија Македон повикува на безусловен бојкот на референдумот

 

Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН повикува на безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето! Го охрабруваме народот да не подлегне на заплашувања и притисоци од Владата.

Препорачуваме никој да не гласа на 30 септември! Бојкотирам значи не гласам! А, не гласам, затоа што и Уставниот суд и Државната изборна комисија ја разобличија кампањата на Владата “За Европска Македонија“ и потврдија дека референдумот на 30 септември не е референдум за членство во Европската Унија и НАТО Алијансата, туку референдум за промена на името на државата Македонија.

Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет Спогодбата Димитров-Коѕиас ја сметаат за ништовна и за велепредавство на нацијата и државата!

Македонците од Егејскиот дел на Македонија најостро протестираат против Владата, затоа што со Спогодбата Димитров-Коѕиас, Владата се откажува од грижата за положбата и правата на Македонците во соседсните делови на Македонија! За Македонците од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет, Спогодбата Димитров-Коѕиас претставува флагрантно кршење на Уставот и законите на Македонија и на меѓународното право, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува.

Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН апелира никој да не се појави на гласачките места на 30 септември на денот на гласањето! Да останат само избирачките одбори и празните гласачки кутии! Македонците од Егејскиот дел Македонија ќе е приклучат на Семакедонска општонародна прослава на 30 септември од 19 часот пред Собранието на Република Македонија, за победа на демократијата и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Advertisement