
Привремениот лидер на албанското Социјалистичко движење за интеграција, Петрит Васили синоќа се повлече од функцијата, по што е решено до одржувањето на партискиот конгрес со партијата да раководи Моника Круемади. Круемади е сопруга на актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета, кој е основач на ЛСИ и беше нејзин лидер до пред два месеца, кога по изборот за шеф на државата се повлече од партиската функција.
Таа на својот профил на фејсбук синоќа напиша ја промовираше новата улога која ќе ја има ЛСИ, најавувајќи дека партијата сега ќе ја претставува „вистинската опозиција“ и ветувајќи дека ќе го „силно ќе го крева гласот за секоја загриженост на граѓаните“.
ЛСИ по парламентарните избори одржани на 25 јуни е трета по големина партија во Албанија. Нејзниот рејтинг е во постојан раст, што го потврдува и фактот дека на овие избори доби 19 пратенички мандати или три повеќе во однос на 2013 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden