Сопственикот на Вардар, Самсоненко е нов спонзор на ЦСКА Москва

Клубот ја промовираше соработката со спортската обложувалница „Бет Сити“, која влегува како еден од важните спонзори во московска ЦСКА. Соработката ќе трае во наредните пет години.

Ова е почеток на една убава соработка, а нашата компанија за спортско обложување секогаш сака да го помага и популаризира спортот во нашата земја. Се надеваме дека оваа соработка ќе биде значајна и догорочна и дека ќе се темели на идни заеднички успеси – изјави Сергеј Борисович Самсоненко за официјалниот сајт на ЦСКА Москва.

Претседателот на ЦСКА Москва, Евгениј Гинер, се заблагодари за спонзорството што во следниот период ќе го добива клубот од „Бет Сити“.Среќни сме што ќе соработуваме со компанијата „Бет Сити“, и гледаме оптимистички на иднината. Веруваме дека оваа наша соработка, ќе биде плодна и исполнета со успеси – изјави претседателот на ЦСКА Москва. Сергеј Самсоненко подолго време веќе е во фудбалот, тој пред три години стана сопственик на најтрофејниот клуб во Македонија, ФК Вардар.

 

Advertisement