
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, преку објава на Фејсбук, информираше дека за Албанија е одобрена финансиска помош во износ од 180 милиони евра за борба против Ковид-19. Сореца појаснува дека овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата.
„Владата на Албанија ќе добие финансиска помош од 180 милиони евра обезбедена од Европската унија, како дел од поддршката во борбата против Ковид-19. Овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата, напиша Сореца.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden