Состанок на директорите на царинските управи од Западен Балкан во Тирана

Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, денска се одржа во Тирана. Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Македонија во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година. На состанокот се дискутираше за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.

Advertisement