Спречен шверц на марихуана во близина на Албанска – Македонска граница

­

Полицијата од Булќиза, заплени 105 килограми марихуана, кај селото Вичишта, во близина на албанско­македонската граница кај Дебар. Во акцијата уапсени се две лица, додека по две се уште се трага. Нарко­шверецерите биле забележани во зелениот простор.

Двајца биле со мотор, додека двајца со автомобил, кои на наредбата на граничната полиција да застанат, се оддалечиле со голема брзина, пукајќи од огнено оружје, при што во опасност бил доведен животот на полицајците.

Полицијата продолжила да ги следи, при што двете лица кои биле во автомобилот се уапсени, додека другите две успеале да побегнат. Уапсените се на возраст од 26 и 17 години и се жители на блиски погранични села. Истрагата освен во Албанија ќе се прошири и во Македонија каде дрогата требало да биде пренесена.

Advertisement