Средба Бушати-Столтенберг во Вашингтон

Министерот за надворешни работи Дитмир Бушати во Вашингтон, имал средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на средбата е разговарано за најновите состојби на Балканот, а особено за состојбите во Албанија, Македонија и Косово. Но притоа, не се изнесени други детали околу ставовите на НАТО и Албанија околу состојбата во Македонија и регионот. Столтенберг и Бушати се согласиле дека треба да продолжи соработката на земјите од Западниот Балкан и понатамошна демократизација. Притоа е изнесена оценката дека треба да продолжи аспирацијата на земјите од овој регион кон интеграциите на НАТО – ЕУ.

Advertisement